30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоловина од светското богатство е во рацете на 1 отсто од светската...

Половина од светското богатство е во рацете на 1 отсто од светската популација

bog

Магичната граница е надмината. Јазот помеѓу богатите и сиромашните е се поголем, а по колапсот на светската економија во 2008 година, тој јаз е значајно зголемен.

Според најновата студија на “Credit Suisse”, само еден отсто од светската популација поседуваат дури половина од светското богатство.

Дека сиромаштијата се зголемува, иако некои извештаи велат дека се смалува бројот на сиромашни во светот, сведочи податокот дека сега е потребно да имате 3.210 долари на сметка за да бидете во 50 отсто од најбогатите луѓе во светот, додека околу 70.000 долари ве става во 10 отсто најбогати на планетава.

Најбогатите еден отсто можат да се пофалат со богатство од 759.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП