17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоларот на ново најниско ниво во три седмици

Доларот на ново најниско ниво во три седмици

dolari (1)мммммм

Курсот на американската валута во вторникот на меѓународните девизни пазари се лизна на новото најниско ниво во последните три седмици во однос на кошницата водејќи валути, имајќи предвид дека инвеститорите не очекуваат дека американската централна банка на редовната седница кон крајот на октомври ќе ги подигне каматните стапки.

Индексот на доларот која ја изразува вредноста на американската валута во однос на валутите на шесте најголеми трговски партнери на САД, се лизна на 94,539 поени, најниското ниво во последните три седмици.

Доларот во однос на јапонскиот јен ослабе за 0,3 отсто, на 119,63 јени. Еврото, пак, зајакна во однос на доларот, достигнувајќи го највисокото ниво во последните три седмици од 1,1411 долари, за по објавата на германскиот институт ZEW за економската клима во Германија, која е послаба од очекуваното, благо се спушти на 1,1375 долари.

Единствената европска валута истовремено зајакна и во однос на британската фунта, на највисокото ниво во последните пет месеци, откако извештајот за инфлацијата во септември покажа пад на потрошувачките цени во Велика Британија, задушувајќи ги ефектите од вестите за спојувањето на двата најголеми производители на пиво „SABMiller“ и „Anheuser-Busch InBev“. Претходно фунтата во еден момент, под влијанието за вестите за начелно прифатената понуда за спојување на овие компании во износ од 69 милијарди фунти, скокна во однос на доларот на највисокото ниво во последните три седмици.

„Поради падот на цените, тешко ќе биде да се оправда зголемувањето на каматните стапки во Велика Британија“, вели во анкетата на Reuters Геоф Ју, валутен аналитичар во банката UBS. Според учесниците на финансиските пазари, постојат шанси каматните стапки да бидат подигнати во последниот квартал во 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП