10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШојбле призна: Мигрантите се закана за буџетот

Шојбле призна: Мигрантите се закана за буџетот

Wolfgang Schauble

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле призна дека Берлин можеби нема да успее со планот за балансирање на буџетот во 2016-та година, а причината е рекордниот прилив на мигранти.

„Ние сакаме тоа да го постигнеме, без земање на нови позајмици, доколку е можно. Ме прашаа зошто велам „ако е можно“, а вистина е дека ни самиот не знам“, изјави Шојбле на конгресот на германските производители на машини.

Германија минатата година, прв пат од 1969-та година и година пред планираниот рок, успеа да го избалансира буџетот, што значи дека државата не земала нови позајмици, додека владата на Ангела Меркел сака тоа да стане норма за во иднина.

Mеѓутоа, се очекува дека непредвидените трошоци од прифаќањето на речиси милион баратели на азил во оваа година, дополнително ќе ја оптерети државната каса.

„Големиот прилив на мигранти ќе претставува поголем предизвик од многуте работи со кои моравме да се соочиме во изминативе 65 години“, изјави Шојбле, додавајќи дека споменатите трошоци се исклучително голем потенцијален ризик за јавните финансии.

Но Шојбле инсистираше дека Германија „сака и може“ да се соочи со предизвикот.

Како што наведуваат одредени медиуми, владата во Берлин вети повеќе милијарди евра, помош на регионалните и општински власти за прифаќање на избеглиците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП