17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин: Кризата во Русија го достигна врвот

Путин: Кризата во Русија го достигна врвот

55106821

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека економската криза во Русија ја достигнала највисоката точка.

„Достигнат е врвот на кризата“, изјави Путин на Инвестициската конференција во Москва.

Тој напомена дека неговата земја нема намера да го ограничи протокот на капитал.

Путин изјави дека планираниот гасовод „Северен тек 2“ нема за цел било кого да исклучи од транзитот на овој енергент.

„Северен тек“ не е поврзан со украинскиот транзит и не му штети на никого, изјави рускиот претседател и додаде дека не треба да се политизира ова прашање.

Путин изјави дека тој проект треба да ги задоволи енергетските потреби на Северна Европа, имајќи го во предвид падот на производстовто во Велика Британија и Норвешка, како и истовремениот раст на побарувачката во тој дел на Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП