16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија домаќин на првата европска регионална конференција за активен туризам

Македонија домаќин на првата европска регионална конференција за активен туризам

ададад

Република Македонија ќе биде домаќин на првата европска регионална конференција за активен туризам „AdventureNext – Balkans“, која ќе се оддржи во мај, 2016 година.

Ова го најави директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Кристијан Џамбазовски, кој учествуваше на Самитот за активен туризам во Пуерто Варас во Чиле што се одржа од 5 до 9 октомври 2015 година.

На Самитот Република Македонија беше претставена како хит дестинација за Аdventure Тravel пред околу 700 туроператори и светски познати медиумски куќи.

Инаку конференцијата „AdventureNext – Balkans“, ќе се организира во соработка со Проектот на експанзија на мали бизниси, финансиран од УСАИД и од Владата на Швајцарија- Проектот ИМЕ, и Интернационалната асоцијација за активен туризам (ATTA).

ATTA- Интернационалната асоцијација за активен туризам е основана во 1990 година и опслужува повеќе од 1.000 членови во 90 земји во светот. Членови се претежно тур-оператори, туристички агенции, специјализирани агенти и медиуми кои имаат голем интерес за одржлив развој на авантуристички туризам, како пазар од 263 милијарди долари на годишно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП