28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе создава гигант: SABMiller ја прифати понудата на InBev

Се создава гигант: SABMiller ја прифати понудата на InBev

SABMiller plc

Британската пивара „SABMiller“ објави дека ја прифатила понудата на „Anheuser-Busch InBev“ зa превземање во вредност од околу 96 милијарди евра.

„Одборите на „AB InBev“ и „SABMiller“ објавија дека посигнале договор за клучните услови во понудата“, според која за секоја акција на „SABMiller“ се понудени 44 фунти, се наведува во соопштението на британската компанијата доставено до Лондонската берза.

Белгиско-брзилскиот производител на пиво, „AB InBev“, речиси еден месец се обидува да ја купи пиварата „SABMiller“, но нивните претходни понуди секој пат наидуваа на отпор на раководството на компанијата.

Купувачот вчера понуди 43,50 фунти за секоја акција на „SABMiller“, што е за 14 проценти повеќе од првичната понуда, но малку подоцна повторно мораше да ја подобри својата понуда.

„InBev“ ги произведува пивата како што се „Budweiser“ и „Stella Artois“, додека познатите брендови на „SABMiller“ се „Fosters“, „Grolsch“, „Miller“ и „Peroni“.

Соединувањето на двете компании би можело да резултира со формирање на најдоминантниот производител на пиво во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП