23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзненадувачка дефлација во Велика Британија

Изненадувачка дефлација во Велика Британија

england-pp

Инфлацијата во Велика Британија изненадувачки се врати под нултата вредност во септември, што се случува по втор пат од 1960-та година, па наваму, посочија официјалните податоци на централната банка на земјата, пренесува „Telegraph“.

Потрошувачките цени се намалија за 0,1% на годишна основа, по нивното слабо претставување во август. Просечните очекувања на аналитичарите беа за нулта промена во инфлацијата.

Главниот индекс на потрошувачките цени се зачувал при ниво од 1% на годишна основа во изминатиот месец. Цените на услугите се зголемија за 2,5% во септември на годишна основа во однос на нивното зголемување од 2,3% во август.

За последен пат во Велика Британија беше регистрирана дефлација во април, која беше прва од 1960-та година, па наваму. Податоците ги вратија очекувањата на инвеститорите дека централната банка на земјата едвај ќе ги зголеми наскоро каматите кои се при рекордно ниски вредности од 0,5%. Само еден од членовите на комитетот за монетарна политика гласаше за поддршка на покачувањето на каматите во земјата на последната седница на централната банка.

И додека економијата на Велика Британија расте, инфлацијата во земјата се уште е далеку од посакуваните 2 проценти од централната банка и едвај ова ниво ќе биде достигнато наскоро. Според податоците фунтата падна на еднонеделниот минимум во однос на доларот, достигнувајќи ниво од 1.5258.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП