12 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАМислите дека ви се заканува отказ? Овој знак покажува дека сте во...

Мислите дека ви се заканува отказ? Овој знак покажува дека сте во право!

Fired Caucasian businessman carrying personal belongings

Добивањето на отказ воопшто не е забавно, а најлош дел е фактот дека повеќето луѓе воопшто не знаат што им се подготвува.

Иако за повеќето луѓе отказот пристигнува како шок, експертите за кариера напоменуваат дека постојат низа знаци кои укажуваат на тоа дека ви се подготвува отказ. Лин Тејлор, експерт за работни места и автор на книгата „Tame Your Terrible Office Tyrant: How to Manage Childish Boss Behavior and Thrive in Your Job“, тврди дека постои еден особено очигледен показател за она што се подготвува, а тоа е кога ќе примите службено предупредување за своето однесување или за (не)обавената работа.

Пред да добиете отказ, напоменува Тејлор, повеќето шефови неколку пати на усмен начин ќе ве предупредат на направените пропусти, објаснувајќи ви што не сте направиле правилно и што треба да направте за да ги избегнете тие проблеми во иднина, пишува Бизнис Инсајдер.

„Ќе забележите непријатност во воздухот и ќе забележите други знаци пред отказот“, вели Тејлор и продолжува „Потоа по писмен пат ќе примите примедби за вашата работа. Потоа ќе следат уште неколку предупредувања, па најверојанто веќе нема да можете да направите ништо за да ја поправите наведената штета.“ Вашата работа во тоа време ќе биде сериозно загрозена, а ако сте направиле се што сте можеле, можеби дошло времето да бидете проактивни и да се фрлите на „дискретна“ потрага по нова работа“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП