25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкандалот со Фолксваген би можел да ги поскапи дизел возилата

Скандалот со Фолксваген би можел да ги поскапи дизел возилата

tdi motor ee

Изнудените и големи промени на европските тестови за мерење на емисиите на штетни гасови на автомобилите, по скандалот со Фолксваген, би можеле екстремно да ги поскапат дизел возилата.

Дизел возилата би можеле да поскапат до таа мера, што едноставно произведувачите би престанале да ги произведуваат, предупреди Агенцијата на европски производители на автомобили.

„Автомобилската индустрија е согласна со потребата дека контролата на емисијата на штетни гасови далеку повеќе ги одразува реалните услови и веќе го години повикува на предлози. Сепак, важно е да се продолжи по патот кој им овозможува на произведувачите да ги планираат и спроведуваат неопходните промени, без загрозување на улогата на дизел автомобилите како еден од клучните столбови за исполнување на идните цели кои се однесуваат на емисијата на јаглерод диоксид“, се наведува во соопштението на Агенцијата.

На одделни европски пазари, производството на дизел автомобили се охрабрува, бидејќи произведуваат помали количества CO2 од автомобилите на бензин.

Сепак, тие исто така, можат да произведат поголеми количества азотни оксиди кои се штетни по здравјето на луѓето.

„Без реални рокови и услови, одделни модели на дизел автомобили на крајот би можеле да станат непристапни, принудувајќи ги производителите да ги повлечат од продажба, што би ги погодило и потрошувачите, но и работните места“, предупреди Агенцијата на европски производители на автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП