18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот на индустриското производство во Индија ги надмина прогнозите

Растот на индустриското производство во Индија ги надмина прогнозите

раст-rast-rast-cenite

Обемот на индустриското производство во Индија во август оваа година е зголемен за 6,4 проценти во однос на истиот месец во 2014 година, покажаа официјалните податоци.

Тој показател ги надмина прогнозите на аналитичарите, кои во анкетата за Блумберг очекуваа раст од 4,8 проценти.

Темпото на инфлација во Индија во септември 2015 година е забрзано на 4,4 проценти на годишно ниво, во споредба со 3,74 проценти еден месец порано, што е во склад со прогнозите.

Како што е соопштено, во септември Централната банка на Индија (RBI) ја намали референтната каматна стапка за 0,5 процентни поени, на 6,75 проценти.

Според зборовите на гувернерот на индиската Централна банка Рагурам Раџан, RBI ќе успее да го задржи темпото на раст на потрошувачките цени под шест проценти до јануари 2016 година, по што банката ќе се фокусира на намалување на тој показател под пет проценти до март 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП