5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија треба брзо да дејствува

Словенија треба брзо да дејствува

ljubljana

Условите под кои е одобрен пакет финансиска помош за Кипар од 10 милијарди евра, треба да биде предупредување за периферните економии во еврозоната.

Тоа важи и за Словенија која мора своите финансиски и банкарски проблеми што е можно поскоро да ги реши, пренесуваат локалните медиуми.

Единствениот вистински пат за новата словенечка влада да ја избегне ситуацијата во која е присилена да побара финансиска помош, е брзо спроведување на мерки за санација на банките, се наведува во љублјанскиот ,,Дело”, според мислењата на аналитичарите.

Владата на Аленка Братушек, сметаат дека треба да делуваат брзо и во наредните два месеци да ја претстави својата буџетска политика и мерките за решавање со седум милијарди евра лоши кредити акумулирани во словенечкиот банкарски систем.

Ако донесат кредибилни мерки, Словенија во мај или најкасно јуни ќе може да позајми пари на меѓународните финансиски пазари со одржливи каматни стапки, така што со новите државни обрзници ќе го рефинансира долгот кој им доспева во средина на годината.

Во спротивно ќе се доведе во ситуација, мерките за штедење и кратењата да ги замени за одобрена помош кој ќе ја диктира ,,тројката”.

,,Мораме да делуваме во рок од два месеци ако сакаме да продадеме обврзници.Ќе настане проблем ако ништо не се промени до есен”, тврди економистот Игор Мастен и додава дека до тогаш ќе биде предоцна за самостојни мерки кои ќе ги донесе Владата.

Иако не може да се спореди со банкарскиот сектор во Кипар, но од тој случај можат да извлечат поука.

Новиот словенечки министер за финансии, Урош Чуфер, изјави за словенечката телевизија дека финансиската структура на Кипар е неспоредлива со таа на Словенија и дека проблемите во кипарските банки се многу поголеми од словенските.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП