3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАGS: Подгответе се за третиот бран од финансиската криза

GS: Подгответе се за третиот бран од финансиската криза

goldman

Случувањата на пазарите во развој не е само корекција, тоа е третиот бран на глобалната финансиска криза, коментираат аналитичарите од американската инвестициска банка „Goldman Sachs“, пренесува „CNBC“.

„Зголемената неизвесност поврзана со слабоста на новите економии, ниските цени на суровините и потенцијалното зголемување на каматите во САД, ја зголемува загриженоста во врска со тоа колку стабилен е порастот на цените на активата и создава предуслови за третиот бран од финансиската криза“, коментираат од банката во писмо до своите клиенти.

Бранот кај пазарите во развој се совпаѓа со колапсот на цените на суровините, кои ги следеа кризите во САД и Европа.

GS11111

Стравувањата се дека „ФЕД“ ќе го подигне нивото на каматите за прв пат по девет години, иницирано од масовниот одлив на капитал од новите пазари. Средбата на „ФЕД“ во изминатиот месец во голема мера доведе до изненадување на пазарот, по одлуката каматите да бидат задржани без промена. Оваа одлука помогна привремено да се стабилизираат цените на активата и валутите на пазарите во развој, но според некои пазарни експерти, ефектот ќе е привремен.

Една од причините од „GS“ да се загрижени за состојбата на пазарите во развој, е фактот дека ниските камати глобално иницираат сериозен раст во кредитната активност и особено во Кина. Со зголемувањето на каматите растот на втората најголема светска економија се очекува да биде сериозно засегната во насока на инвестициите и одлив на капитал од земјата.

Од „Goldman“ коментираат дека меѓу пазарните учесници се присутни дури стравувања од стагнација на светската економија за следната година. Овие стравувања сепак тие ги дефинираат како „претерани“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП