Американското филмско студио „Paramount Picture“ и продукциската куќа на глумецот Леонардо Ди Каприо ги добија правата за прикажување на книгата на новинарот на „New York Times“, Џек Ивинг за овој скандал.
Воедно ова е најголемата криза во која се најде „Volkswagen“ во својата 78-годишна историја, објавија вчера „Paramount“ и њујоршката издавачка агенција „Marly Rusoff“.
Правата за објавување на книгата, која се уште нема наслов, беа продадени претходно овој месец за шестцифрен износ на издавачката куќа „Norton“, oбјави „Marly Rusoff“. Се очекува дека книгата ќе покаже како принципот „повеќе, подобро и побрзо“ доведе до еден од најголемите скандали во корпоративната историја.
Ди Каприо, продуцентот и ѕвездата на „Волкот од Волстрит“, во посредство со неговата продуцентска куќа „Appian Way“, е еден од најголемите холивудски борци за заштита на животната средина.
Засега не се споменуваат имињата на можните глумци или режисери на филмот.