26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBASF ќе инвестира милијарди евра во проекти заедно со Газпром

BASF ќе инвестира милијарди евра во проекти заедно со Газпром

basf gazprom

Германскиот хемиски гигант „BASF“ ќе инвестира 2 милијарди евра во заеднички проекти со „Газпром“ во следните пет години.

Ова го соопшти претседателот на Одборот на директори на компанијата Курт Боц за време на прославата на 25-годишнината од заедничката активност на „BASF“ и „Газпром“ која се случи во Санкт Петербург, пишува „Handelsblatt“.

Еден од проектите е продолжување на „Северен поток“, во кој хемискиот гигант учествува преку филијалата „Wintershall“. „BASF“ и „Газпром“ ќе го прошират и партнерството при развојот на нови наоѓалишта во Сибир, посочува уште „Handelsblatt“.

Пред недели „Газпром“ потпиша договор за проектната компанија „New Europe Pipeline“. Во проектот освен „Wintershall“ учествуваат уште и „E.On“, „Shell“, „OMV“ (10%) и француска „Engie“ која ќе држи удел од 9 отсто. Во компанијата, руската гасна компанија поседува 51% од капиталот.

Капацитетот на екстензиите на „Северен поток“ ќе биде 55 милијарди кубни метри годишно.

Од „ЕК“ веќе побараа од акционерите повеќе информации за потпишаниот договор и рекоа дека нема да имаат различен однос кон „Северен поток 2“ и спрема „Јужен поток“. Новиот гасовод исто така треба да ги почитува сите европски барања, забележани во третиот либерализационен пакет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП