18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДобитните продажби ја притиснаа цената на нафтата

Добитните продажби ја притиснаа цената на нафтата

nafta kop

Цените на нафтата се лизнаа во понеделникот на меѓународните пазари под нивото од 50 долари под притисокот на добитните продажби кои во втор план ги потиснаа очекувањата за поголема побарувачка следната година.

На лондонскиот пазар цената на барелот попладнето во понеделникот падна за 70 центи во однос на затворањето на тргувањето во петокот, на 51,95 долари. На американскиот пазар, пак, со барел се тргуваше по 80 центи пониска цена од 49,80 долари

Одвоено Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави во понеделникот дека цената на референтната кошница нејзина нафта во петокот изнесувала 48,80 долари, што значи дека пораснала за 70 центи во однос на претходниот трговски ден.

Изминатите денови расположението на нафтените пазари го поткрепија сигналите дека произведувачите го намалуваат производството поради ниските цени, како и очекувањата од закрепнувањето на побарувачката во следната година. Така, цените во петокот достигнаа до 54,05 долари за барел.

Аналитичарите предупредуваат дека залетот очигледно бил премногу силен, па ги активирал техничките продажби. „Растот на цените во последно време остави слободен простор за добитните продажби“, констатира во анкетата на Reuters Карстен Фритч од франкфуртската „Commerzbank“.

Со тоа бранот на добитните продажби ги потисна во вториот план податоците компанијата за услуги во нафтената компанија „Baker Hughes“, кои во петокот покажаа пад на бројот на активните бушотини во САД шеста седмица по ред. Во изминатите шест седмици бројот на местата за вадење нафта е намален за 70, односно за просечни 20 седмично во изминатите 12 месеци, во рамките на настојувањата на производителите да ги намалат трошоците во контекстот на пониските цени.

Продажбите ја неутрализираа и најавата на ОPEC дека побарувачката на нафтата следната година би требало да биде значително поголема отколку што досега се сметаше, благодарејќи на стратегијата на зачувување на пазарниот удел кој ги истиснува од пазарите американските произведувачите на нафта од шкрилци.

„Тоа би требало да го намали вишокот понуда на пазарот и да резултира со поголема побарувачка на сировата нафтана OPEC и подобрување на рамнотежата на базичните фактори на нафтениот пазар“, проценуваат во OPEC.

Картелот сé уште произведува значително повеќе нафта отколку што бара пазарот и резервите и натаму растат, потсетува Reutеrs. Оттаму, се прогнозира дека растот на цените веројатно ќе биде ограничен до крајот на овој квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП