3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНобеловата награда за економија за британско-американскиот економист Ангус Дитон

Нобеловата награда за економија за британско-американскиот економист Ангус Дитон

940763_1_1012-Angus-Deaton_standard

Британско-американскиот академик Ангус Дитон е добитник на годинешната Нобелова награда за економија за трудот за потрошувачката, сиромаштијата и квалитетот на живеењето, објави во понеделникот Нобеловиот комитет при Кралската академија на науките на Шведска.

„Нагласувајќи ја меѓусебната поврзаноста на одлуките на поединците за потрошувачката и резултатите на економиите во целост, неговиот труд помогна да се трансформира современите микроекономија, макроекономија и развојната економија. За да ја креираме економската политиката која ја поткрепува социјалната држава и ја намалува сиромаштијата, мораме прво да ги разбереме потрошувачките избори на поединците. Тоа разбирање Агнус Дитон го унапреди повеќе од сите други“, се истакнува во образложението на Нобеловиот комитет.

Дитон е награден за трудот во којшто, во соработка со колегата Џон Милербауер, го осмисли системот за процена на побарувачката на поединечни стоки, како и анализата на врските меѓу потрошувачката и приходите и за мерење на животниот стандард и сиромаштијата во земјите во развој со помош на анкети во домаќинствата.

Неговото истражување покажа дека паметното употребување на податоците од домаќинствата може да помогне во расветлувањето на односите меѓу пригодите и калориската потрошувачка, како и на димензиите на половата дискриминација во семејството.

„Фокусот на Дитон врз анкетите во домаќинствата помогна да се преобрази развојната економија од теоретската област базирана на агрегатните податоци во емпириската сфера втемелена на деталните индивидуални податоци“, се додава во образложението.

Шеесет идеветгодишниот Агнус Дитон е роден во шкотски Единбург, а од 1983 година предава економија и меѓународни односи на Универзитетот Принстон во САД. Меѓу колегите е познат како оптимист во врска со економскиот напредок во светот. Во книгата „Големото бегство“, објавена во 2013 година, изнесе приказ на значителното подобрување на квалитетот на животот на луѓето во текот на историјата, особено кога во прашање се животната возраст и просперитетот.

Во разговорот со новинарите преку видеоконференција по повод доделувањето на Нобеловата награда, изјави дека е убеден дека сиромаштијата ќе продолжи да се намалува и во претстојниот период.

„Навистина предвидувам дека ќе се намали. Мислам дека значително се намалила во изминатите 20 до 30 години и очекувам продолжување на тој тренд“, рече. Но додаде дека сепак според податоците на Светската банка бројот на екстремно сиромашните во светот надминува 700 милиони луѓе, „што значи дека тој проблем сé уште не е зад нас“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП