22 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловачките пензионери во „патроли“ за контрола на цените на основните производи

Словачките пензионери во „патроли“ за контрола на цените на основните производи

penzionieri slovacka

Од јануари во Словачка ќе започнат „пензионерски патроли“, кои по налог на словачкиот премиер Роберт Фицо ќе контролираат дали трговците навистина ги поевтинуваат производите, по намалување на данокот на додадена вредност за некои основни производи, од 20 на 10 проценти.

„Очекувам дека пензионерите ќе ја извршуваат стандардната граѓанска контрола“, изјавил Фицо по одлуката на владата да го намали ДДВ-то на 10 проценти за лебот, путерот, млекото и одредени видови месо и риба.

Словачката влада минатата недела со земјоделците и трговците се договори дека до следната година за овие производи ќе постави и помала цена од онаа пред намалувањето на ДДВ-то, за навистина помалите даноци да се рефлектираат врз цените, и да се избегне практиката од соседна Чешка, каде измените на ДДВ-то влијаат само врз поскапувањето, а намалувањето на ДДВ-то во однос на цените, трговците целосно го игнорираат.

Пензионерските организации во Словачка веќе започнале со подготовки за испраќање двочлени патроли во продавниците, а од јануари ќе започнат да ги запишуваат цените во посебни формулари.

„Не се плашам дека ќе немаме доволно доброволци. Ширум Словачка имаме илјадници локални организации“, изјавил претседателот на еден од словачките пензионерски сојузи, Јан Липјански.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП