10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: Даноците нема да бидат зголемувани поради бегалската криза

Меркел: Даноците нема да бидат зголемувани поради бегалската криза

merkelica 3

Германската канцеларка Ангела Меркел ја исклучи уште еднаш веројатноста Владата да ги зголеми даноците, со цел да се справи со огромниот прилив на имигранти, пренесе „Ројтерс“.

„Можеме да бидеме задоволни дека со години економијата ни е добро управувана, а во моментов нашата економска положба е добра“, вели Меркел во интервју за весник „Bild“, кое ќе биде објавено денеска.

Канцеларката одговори со категорично „да“ на релевантно прашање дали може да вети дека нема да има зголемување на даноците во врска со бегалската криза.

Вчера се појавија мислења дека германската влада и Европската комисија ја разгледуваат можноста за „данок на солидарност“, преку кој ќе се помогне во покривањето на трошоците за илјадниците кандидати за азил. Германските и европските власти ги отфрлија овие тврдења.

begalci 330

Популарноста на партијата на Меркел, Демохристијанската унија (ЦДУ) е на најниско ниво во последниве две години поради бегалскиот прилив, кој создаде силен присисок во политичкиот камп на канцеларката, соопшти „AFP“, цитирајќи ја неделната анкета во денешниот број на „Bild“.

Според анкетата за кого имаат намера да гласаат Германците, „ЦДУ“ бележи пад со два процентни поени или 38 проценти од анкетираните.

Критичарите на великодушната политика на канцеларката кон бегалците (48 проценти) е повеќе од најзините поддржувачи (39 отсто).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП