25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЏенет Јелен е највлијателната личност во светот на економијата

Џенет Јелен е највлијателната личност во светот на економијата

ap280869892811_0

Шефицата на американската Централна банка (ФЕД), Џенет Јален е највлијателната личност во светот на економијата, покажа листата која ја состави магазинот „Bloomberg Markets“.

Меѓу 50-те највлијателни на овогодинешната листа на второто место е претседателот на Кина, Си Џинпинг, а зад него следи првиот човек на компанијата „Apple“, Тим Кук, потоа директорот на моќниот инвестициски фонд „BlackRock“, Американецот Лари Финк, додека на петтото место е американскиот милијардер Ворен Бафет.

Како што наведува магазинот, луѓето кои се најдоа на листата се ангажирани во разни области, но заедничко на сите им е тоа што постигнале значителен успех.

Така, освен кинескиот претседател, на списокот се наоѓаат и други влијателни луѓе од светот на политиката, па тука на шестото место е и претседателот на САД, Барак Обама, додека германската канцеларка Ангела Меркел го зазема деветото место.

Премиерот на Индија Нарендра Моди е на 13. место, а иконата на американска левица Елизабет Ворен е на 19. место.

Од светот на банкарството, челниот човек на „Goldman Sachs“, Лојд Банкфеин е на осмото место, Џими Дајмон од „JPMorgan Chase“ е на 11. место, а Фао Бао од кинеската „Renaissance Group“ на 22 место.

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд – ММФ, Кристин Лагард, го зазема 38. место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП