6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајдобро е да се умре во Британија

Најдобро е да се умре во Британија

penzionerrrr

Мора да се умре, а целта е тоа да се случи што подоцна и со што е можно повеќе спокојство и достоинство, но за поголемиот дел од светот умирањето предизвикува предизвик.

Списанието Economist состави „индекс на квалитетот на смртта“ и ги рангираше земјите според квалитетот на палијативната нега. На врвот од табелата е Велика Британија, а следи Австралија. Во првите десет се наоѓаат главно богатите земји од Западот, вклучително САД, Ирска, Белгија, Германија, Холандија и Франција.

На крајот од листата се земји како Индија, Кина, Мексико, Бразил и Уганда. Но тие земји не се осамени во лошата грижа за старите лица. Така е во поголемиот дел од светот. Од 80-те држави кои Economist ги вклучил во истражувањето, само 34 забележале резултат над просечното. Притоа се истакнува дека 85 отсто од светската популација нема пристап до квалитетната палијативна нега.

Простор за подобрување, сепак, има дури и во земјите кои се високо на оваа листа. „Бројот на специјалистите во однос на бројот на пациентите не е доволен. Во просек има само еден лекар во специјалистичката палијативна нега на 1.200 терминално болни пациенти“, истакнува весникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП