Со забава на отворено и со настапот на двете прилепски рап групи Станица 048 и The Titanium и велешките рапери Avtorizacija и DJ Popeye, во Прилеп беше отворен Скејт парк.
Скејт паркот е со површина од 1.331м2 и ќе може да се користи за возење на скејтборд, ролери или BMX велосипеди. Исто така просторот ќе може да се користи и за разни други културни случувања или спортски натпревари.
Внатрешноста на скејт паркот и неговата околина наскоро ќе бидат збогатени со интересни графити, а градоначалникот Ристески посочи дека овој проект е реализиран како идеја која беше предложена на денот на идеи од група млади луѓе.