5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСамо три суровини поскапеле од почетокот на годината

Само три суровини поскапеле од почетокот на годината

A rice mill worker holds rice fallen onto the ground in Udon Thani

Оризот, какаото и памукот се единствените клучни суровини кои поскапеле од почетокот на годината, односно за 13,6%, 11,1% и 0,7% до 30-ти септември, резимира „MarketWatch“. Цените на повеќето суровини регистрираа пад, а тој е најголем е кај дрвото, кафето и алуминиумот.

„Активата во форма на суровини продолжува да биде најлошата инвестиција на еден и тоа без препреки пазар“, вели Адам Коос, претседател на „Libertas Wealth Management Group Inc“.

„Едноставно нема доволно инерција и стабилност во секторот“, додава тој

Најголемот пад е во цената на дрвото – 35% до понеделникот.

„Девалвација на кинескиот јуан и намалувањето на увозот на дрва, најверојатно се фактори за падот на цената“, смета Коос. Тој потсетува дека канадската тарифа за дрво истекува на 12-ти октомври и тоа може да ја зголеми конкуренцијата и понудата од Канада, најверојатно по пониски цени и повисок профит, отколку САД.

Кафето поевтини за 28,8% од почетокот на годината, поради тоа што Бразил и Колумбија го зголемија извозот за корисниците кои купуваат со долари, во обид да ги компензираат загубите од слабите локални валути.

Од друга страна, фјучерсите на оризот поскапеле за 13,6% поради пад на производството и понудата. Какаото исто така е една од ретките суровини со добри перформанси – раст од над 11% од почетокот на годината. Цената на памукот се зголемила за 0,7%, од една страна, поддржана од намалената прогноза за резервите на Министерството за земјоделство на САД, но и стана предмет на притисок поради очекувањата за пониската побарувачка од Кина.

mw_graphics_2015

Фјучерсите на пченката се поевтини за 2,6%, но во целина оваа суровина се претстави добро, со оглед на тоа дека на крајот на вториот квартал забележа намалување од 7%. Нед Шмит, уредник на „Agri-Food Value View“ и „Value View Gold“ прогнозира дека цените на земјоделските суровини одат кон подобро претставување. Според него глобалното производство на пченка ќе се намали кај оваа и следната жетва. Покрај тоа, се очекува Кина да ја ограничи својата поддршка за цената на пченката во следната година, што ќе помогне за намалување на производството.

„Цените на пченката се очекува да бидат изненадување во иднина“, коментира Шмит.

Што се однесува до цените на нафтата, Адам Коос од „Libertas Wealth Management Group“ смета дека тие веќе го достигна дното и оттука натаму претстои да растат, иако не со високи стапки, барем не пред почетокот на следната година.

Според него најголемите проблеми се околу понудата, претежно колебливоста на „ОПЕК“ да го ограничи производството, како и дополнителната понуда од Северна Америка.

Златото е поевтини за 4,3% од почетокот на годината, а инвеститорите нервозно очекуваат Банката на федерални резерви на САД да ги укине каматните стапки. Во последно време трговците погодени од поевтинувањет на хартиите од вредност, продаваат злато за да ги компензираат загубите, потсетува „MarketWatch“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП