23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСулианов: Русија не сака компромис за украинскиот долг

Сулианов: Русија не сака компромис за украинскиот долг

anton suilanov 22

Москва не е подготвена на компромис околу украинскиот долг, рече во петокот рускиот министер за финансии Антон Сулианов, пред состанокот со украинската колешка Наталија Јарешко.

Сулианов истакна дека Русија ќе бара целосна исплата на три милијарди американски долари вредните еврообврзници кои доспеваат на наплата во декември, а кои Киев ги продаде при крај на 2013-та година, кога уште на власт беше поранешниот претседател Виктор Јанукович.

„Имаме цврст став, нема компромис. Секако дека треба да се состанеме и да разговараме. Тоа е секогаш исправно и корисно“, рече Сулианов.

Ова ќе биде прв состанок на двајцата министри за финансии од јануари, кога Украина објави дека има намера да го реструктуира надворешниот долгот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП