26 јуни, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПостапки со кои го нервирате шефот и колегите

Постапки со кои го нервирате шефот и колегите

Lazy Businesswoman or Student with headphones at a busy office desk.

Ова се примерите во кои давате негативни сигнали за самите себеси и го нервирате вашиот шеф…

1. Не сте сконцентрирани

Или едноставно не ви е гајле. Ако меилот кој сте му го ветиле на шефот, тој не го добие на време, тоа значи дека сте заборавиле да ја пратите пораката, а всушност во превод значи дека работата не ви е приоритет или пак намерно сте го сториле тоа, што е уште полошо.

2. Се жалите дека ви е тешко на работа

Не е важно ако не сте му префрлиле на шефот директно. Канцелариските ѕидови имаат уши, и големи се шансите дека тоа ќе дојде до него.

3. Работите минимално

И ниту трошка повеќе. Никогаш не им помагате на останатите работници, никогаш не давате корисен предлог и никогаш не останувате некоја минута повеќе на работа. Со таквото однесување на шефот јасно му покажувате колку ви е „важна“ работата.

4. Постојано ги споменувате проблемите

Постојано ги споменувате проблемите во компанијата, тешките времиња и лошите работници. Но не давате корисен совет како тоа да се промени, туку само ја провоцирате околината со вашите коментари.

5. Постојано сте на социјалните мрежи пиејќи го петтото кафе 

Си разгледувате интересни нешта на интернет, си седите на Фејсбук, зборувате со пријателите, си посетувате страници, купувате онлајн, постојано си правите ново кафе, излегувате на цигара, се правите само не работите. Немојте да мислите дека никој не го забележува тоа.

6. Со сите сте скарани

Со сите сте скарани и сите колеги се лоши за вас. Не се поздравувате ниту при пристигнувањето на работа, ниту при заминувањето. Постојано сте намуртени и не разговарате. Не се смеете и на колегите не им се обраќате дури ни кога ќе ве прашаат нешто. Ваквото однесување ја вознемирува околината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП