21 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемена стапката на невработеност во Канада

Зголемена стапката на невработеност во Канада

kanada-ka-ka-kanada

Стапката на невработеност во Канада е зголемена во септември за 0,1 проценти на 7,1 проценти, соопштија денес од Агенцијата за статистика.

Според податоците на Агенцијата, бројот на хонорарни работи во септември е зголемен за 74,000, но бројот на оние со полно работно време е намален за 62,000.

Агенцијата истакнува дека во пораст е бројот на вработени постари од 55 години.

Околу 12.000 нови работни места се отворени од август до септември.

Аналитичарите очекуваа дека стапката на невработеност ќе остане иста и дека ќе биде забележано мало зголемување на новите работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП