17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПредупредувања за интензивните врнежи кои следат викендов

Предупредувања за интензивните врнежи кои следат викендов

potop 333

Министерствто за транспорт и врски оддржа состанок на Координативното тело за кризи на кој се разгледале информациите поврзани со најавите за дестабилизација на временските услови, каде според УХМР нов влажен бран од Медитеранот ќе ја зафати територијата на Македонија.

Се очекува врнежите да бидат со интензитет до 50 литри на квадратен метар особено во западните и северните делови, поради што на координативниот состанок беа утврдени неколку препораки.

Општините да направат проверка на речните корита, мрежата на одводните канали и на другите водни објекти со цел утврдување дали ја обезбедуваат потребната водопропусност.

Интервенција со потребни ресурси од страна на јавните комунални претпријатија за отстранување на забележаните наноси и други вештачки препреки на речните водотеци, а посебно на одводните канали.

Општините кои имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување.

Интензивирање на постојаната комуникација со Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување и останатите надлежни институции заради навремено информирање за сите појави кои би можеле  да предизвикаат несакани дејства.

Сите надлежени институции да бидат подготвени за брза интевренција на места каде се очекува зголемен капацитет на врнежи.

Сите граѓани кои сметаат дека се загрозени, се повикани да се обратат на бесплатниот број 195 на ЦУК.

Возачите навремено да се информираат за состојбата на патните правци од страна на АМСМ.

Надлежните институции се во постојана координација и комуникација се со цел благовремено да се преземат превентивни мерки за избегнување од евентуални несакани последици.

Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија претходно соопшти дека ќе поднесе прекршочна пријава против лице кое неовластено се претставува како метеоролог и ги дезинформира медиумите со мејлови и преку социјалните мрежи, како што е „Метео УХМР Македонија”, за наводен потоп што и следи на Македонија деновиве.

„Последните неколку дена во земјава се создаде атмосфера дека ќе има катаклизмични врнежи или потоп, кои внесоа немир и паника кај луѓето, особено кај земјоделците, по информациите што ова лице ги изнесе за појава на таканаречен циклон Димитар и циклон Христијан”, соопшти УХМР.

Управата предупредува дека таа во извештаите до јавноста, на циклоните не им дава имиња и дека лицето кое се претставува како метеоролог, ниту има средства, ниту е овластено да дава прогноза.

„Ова лице нема склучено никаков договор за соработка со Управата, ниту, пак, некој од 400 вработени и набљудувачи го познава. Со Законот за хидрометеоролошка дејност УХМР е единствено надлежна за предупредувања и за најава за појава на вонредни, опасни и катастрофални неповолни временски и хидролошки појави и процеси”, се вели во соопштението од УХМР.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП