17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата на пат за најголем неделен раст од 2009-та

Цените на нафтата на пат за најголем неделен раст од 2009-та

nafta 02

Цените на нафтата на меѓународните пазари продолжија денес да растат и се на пат да го остварат најголемиот неделен раст по повеќе од шест години, откако американската централна банка Federal Reserve (Fed) сугерираше дека не брза со подигнување на каматните стапки, а аналитичарите почнаа да предвидуваат закрепнување на цените следните години.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна во петокот за 60 центи во однос на затворањето на тргувањето во четвртокот, на 53,65 долари. Од почетокот на месецов е во плус од 11 отсто. На американскиот пазар, пак, со барел нафта се тргуваше по 77 центи повисока цена, на 50,20 долари, а во текот на претпладнето во петокот и по 50,58 долари, што е највисока цена во последните два месеца.

Објавувањето на записникот од последната седница на челниците на Fed уште ќе почека со зголемувањето на каматните стапки. Тоа го поткрепи залетот и на финансиските берзи, така што поважните европски берзански индекси ги достигнаа највисоките нивоа во последните 30 дена.

Аналитичарите на влијателната „Pira Energy Group“ објавија во четвртокот оптимистични процени за идните движења на нафтата дека ќе достигнат 70 долари до крајот на следната година, и 75 долари во 2017 година.

„Извештајот на Fed и прогнозата на Pira ги поддржаа денеска цените на нафтата. Тоа би можело да потрае кусо, имајќи предвид дека пазарот главно презаситен“, вели за Reuters Тамаш Варга од лондонскиот „PVM Oil Associates“.

Од „Energy Aspects“, пак, предвидуваат дека цената на барел нафта во Лондон во 2016 година ќе се движи во просек од 68 долари, и дури 98 долари во 2017 година, изјави во петокот аналитичарот Ричард Малинсон на самитот во Сингапур.

Одвоено Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) во петокот на својата интернет страница објави дека цената на барел нафта во четвртокот изнесувала 48,10 долари, што значи дека за 14 центи падналa во однос на затворањето на тргувањето во средата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП