6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочна лотаријата на САД за зелена карта-2017

Започна лотаријата на САД за зелена карта-2017

zelena-karta

Периодот на пријавување за учество во програмата на Лотаријата на САД за иселенички визи (Зелена карта) за 2017 година започна во четврток, 1-ви октомври 2015, а завршува во вторник, 3-ти ноември 2015, соопштуваат од американската амбасада.

Од амбасадата потенцираат дека пријавите се прифаќаат само преку интернет страницата www.dvlottery.state.gov, каде може да се најдат сите инструкции. Пријавување преку пошта не се прифаќа. Пријавувањето не се наплаќа. Кандидатите не треба да испраќаат пари или пак да плаќаат однапред на трети лица кои им ветуваат дека ќе им помагаат при пријавувањето за виза, додаваат од амбсадата.

Кандидатите треба сами да ги внесат своите информации на www.dvlottery.state.gov и да не се потпираат на други луѓе или агенции. Агенциите можат да згрешат, да остават нецелосни информации или да поднесат двојни апликации. Сите овие фактори можат да доведат до дисквалификување на барателот, дури и ако е избран како добитник на лотаријата. Затоа е важно подносителот на барањето сам да ги внесе своите информации и да ги следи сите инструкции, советуваат од американската амбасада.

Сите кандидати веднаш откако ќе го поднесат барањето добиваат електронска потврдна страница. Од особена важност е кандидатите да го зачуваат својот единствен број од потврдната страница, барем до 30-ти септември 2017-та година. Единствено со овој број може да се провери дали кандидатот е извлечен, а истиот ќе послужи и за добивање на понатамошни информации и закажување на термин во Амбасадата. Единствениот потврден број помага и за заштита на учесниците од измама, злоупотрба или при проблеми со поштата. Познато е дека постојат нечесни посредници за визи кои наводно сакаат да им помогнат на кандидатите а потоа ја задржуваат потврдната страница и бараат повеќе пари во замена за информации. Кандидатите можат да го избегнат ова со лично зачувување на својот број за време на аплицирањето, потенцираат од американската амбасада.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП