18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на акциите на Волстрит, Fed внимателен за каматите

Раст на акциите на Волстрит, Fed внимателен за каматите

Wall Street Premarket

На Волстрит во четвртокот цените на акциите значително пораснаа, бидејќи е многу веројатно дека американската централна банка Federal Reserve (Fed) нема до крајот на годинава да ги зголеми каматните стапки.

Индексот Dow Jones зајакна за 0,82 отсто, на 17.050 поени, индексот S&P 500 се зголеми за 0,88 проценти, на 2.013 поени, додека индексот Nasdaq скокна за 0,41 отсто, на 4.810 индексни поени.

На најголемата светска берза во четвртокот владееше претпазливост до објавувањето со неодамнешната седница на Fed кој покажа дека челниците на американската централна банка се многу претпазливи во поглед на зголемување на каматите. Иако сметаат дека американската економија е доволно силна да го издржи зголемувањето на каматите од 0 отсто, челниците заклучиле дека забавувањето на растот на светската економија не влијае негативно врз американската.

Откако минатата седмица беше објавено дека во септември забавило темпото за вработување во САД, повеќето аналитичари сметаат дека Fed сигурно нема да ги зголеми каматите на следната седмица кон крајот на октомври, а многу малку од нив очекуваат зголемување на цените на парите во декември.

Повеќето сметаат дека каматите ќе бидат зголемени дури следната година, бидејќи забавувањето на растот на светската економија би можело негативно да влијае на американската. Така, евтините пари и натаму би требало да го поддржуваат пазарот, како и последните неколку години, но следните седмици на цените на акциите пресудно ќе влијае сезоната на објавување на кварталните деловни резултати на американските компании, која започна во четвртокот.

Сезоната започна со објавата на резултатите на најголемиот американски произведувач на алуминиум „Alcoa“ и нејзината акција падна за 4 отсто бидејќи приходите во третиот квартал паднале за повеќе од 10 отсто во однос на истиот минатогодишен период. Чистата добивка на компанијата, пак, паднала исто така повеќе од процените на аналитичарите, и тоа од ланските 149 милиони долари на само 44 милиони долари.

Оваа сезона на објавување на деловните резултати започна лошо. А поради ниските цени на нафтата, високиот курс на доларот и слабеењето на побарувачката во светот“, добивките на американските компании би можеле да паднат првпат од глобалната финансиска криза во 2008 година. Во анкетата на Reuters аналитичарите проценуваат дека добивката на компаниите од составот на S&P 500 индексот во третиот квартал паднала за 4,5 отсто во однос на истиот период лани. Се очекува, исто така, пад на приходите на компаниите, и тоа за повеќе од 3 отсто на годишно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП