21 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMaserati го стопира производството

Maserati го стопира производството

masi 883

Италијанската марка „Maserati“ објави дека ќе паузира со производството на автомобили. Причината за ваквиот чекор е слабиот интерес за нејзините модели.

Интересот за моделите на „Maserati“ падна нагло во втората половина на годината.

Пред септември компанијата беше принудена да ги стори истите дејствија, но тогаш паузата беше околу една недела. Толку ќе одмараат работниците и во почетокот на ноември, кои ќе бидат испратени на принуден одмор.

Од „Maserati“ гарантираат дека ќе ги исполнат добиени нарачки од клиентите за производство и испораката на нови автомобили. Интересот за моделите на Италијанците падна нагло во втората половина на годината, најмногу на пазарот во Кина. Намалувањето е за 13%, што доведе до пад на оперативната добивка од 43 милиони евра.

Паузата во производството ќе биде користена за модернизација на производните линии во фабриката во Италија, на кои ќе се составува новиот кросовер на производителот – „Levante“. Надградбата на фабриката треба да заврши кон крајот на февруари, по што ќе започне производство на првиот „SUV“ во историјата на брендот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП