10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОстар пад на германскиот извоз

Остар пад на германскиот извоз

izvoz-2333

Извозот на најголемата европска економија во август е намален по забрзаната стапка од 2009-та година па наваму, посочија објавените статистички податоци. Тоа ја зголемува загриженоста за состојбата на водечката европска економија.

Според податоците извозот на земјата е намален за 5.2%, до 97.7 милијарди евра во август, во однос на претходниот месец. Увозот во исто време е намален до 78.2 милијарди евра. Податоците се алармантни во предвид на фактот дека економијата на Германија се потпира во голема мера на извозот. Тој се зголеми за 0,4% во изминатото тримесечје спрема 0,3% еден квартал порано.

Некои експерти сметаат дека, сепак податоците не се повод за паника. Во август минатата година германскиот извоз повторно регистрираше изненадувачки пад, кога загуби 4% од својата вредност.

Многу загрижувачки е скандалот со „Volkswagen“, кој според аналитичарите може да има негативен ефект врз целата германска економија.

Другите грижи доаѓаат во насока на кризата со бегалците од Сирија. Еврото првично регистрираше загуби по податоците, но потоа се врати на својот раст. Единствената валута се тргува на ниво од над 1.1300 во однос на доларот. Благ пад регистрира и германскиот главен индекс „DAX“, кој се тргува под психолошката граница од 10.000 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП