14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОЕЦД: Опаѓа економскиот раст во водечките земји во светот

ОЕЦД: Опаѓа економскиот раст во водечките земји во светот

OECDf45tfg56ty56y67u

Економскиот раст во повеќето водечки светски економии, вклучувајќи ги и САД и особено Кина, опаѓа, соопшти вчера Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Месечниот индикатор на ОЕЦД укажува на генерално забавување на темпото на економскиот раст во водечките земји од светот, при што единствено растот во еврозоната е карактеризиран како стабилен, со забележливо зацврстување на растот во Франција и Италија, но и во Индија, јавува агенцијата Ројтерс.

Индексот на ОЕЦД укажа на понатамошно забавување на растот во Кина, на 97,2 од претходите 97,6 поени, потоа пад на растот во САД на 99,2 од 99,5 поени, во Јапонија на 99,8 од 99,9 поени и во Британија на 99,5 од 99,7 поени.

Единствена светла точка во извештајот на ОЕЦД е еврозоната, која остана на стабилните 100,7 поени, додека Германија, најголемата европска економија, се задржа на стабилните 100 поени.

Меѓу пазарите во развој, индексот на Индија пораснал на 99,9 поени од 99,8 поени, додека индексите за Кина, Бразил и Русија се намалиле, пренесува британската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП