
Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески во четвртокот оставри средба со германската амбасадорка во Македонија Кристине Д. Алтхаузер.


Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески во четвртокот оставри средба со германската амбасадорка во Македонија Кристине Д. Алтхаузер.
На средбата амбасадорката беше запознаена со културно – историското наследство на Прилеп, неговата богата историја и со неговиот стопанско-индустриски потенцијал.
Разменувајќи си подароци во знак на срдечност и добредојде Ристески изјави дека соработката со германската амбасада секогаш била на завидно ниво, а таква ќе остане и во иднина.
Германската амбасадорка вечерва ќе биде присутна и на свеченото отворање на 11-тото издание на Фестивалот на новиот германски филм