27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на трговскиот дефицит на Kанада

Раст на трговскиот дефицит на Kанада

kanada-canada

Трговскиот дефицит на Канада пораснал во месец август од јулските 817 милиони канадски долари на 2,5 милијарди долари.

Извозот на Канада во август бил на месечно ниво намален за 3,6 проценти, на 44 милијарди долари, додека увозот пораснал за 0,2 проценти на 46,5 милијарди долари, соопшти денес канадскиот Завод за статистика.

Увозните цени во август пораснале за 0,3 проценти, додека извозните цени се намалиле за три проценти, пренесува агенцијата АФП.

Извозот во САД исто така се намалил за три проценти, на 33,7 милијарди долари, а увозот за 0,8 проценти на 30,8 милијарди долари.

Увозот од останатиот дел од светот е зголемен за 2,2 проценти, на 15,6 милијарди долари, додека извозот е намален за 5,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП