28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас: Грција ќе излезе од кризата во 2019-та година

Ципрас: Грција ќе излезе од кризата во 2019-та година

cipras, aleksis-cipcip

Грчкиот премиер Алексис Ципрас на грчката јавност и ветил дека државата ќе излезе од кризата до 2019-та година, а исто така порачал и дека ќе се обиде да ги ублажи мерките за штедење барани од меѓународните кредитори, преку обезбедувањето на помош за најсиромашните.

Ципрас ова го порачал на завршувањето на тридневната дебата во парламентот, посветена на неговата платформа, која беше усвоена од страна на грките пратеници, пренесува Capital.ba.

Ципрас на 20-ти септември доби четиригодишен мандат, и покрај тоа што ја отфрли реториката против мерките за штедење, поради која во јануари тој беше и за првпат избран за премиер на Грција.

Грчкиот премиер за програмата добил поддршка од сите 155 пратеници од владеачката коалиција во Парламентот, во кој има 300 пратенички места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП