26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајпопуларните валути во светот

Најпопуларните валути во светот

paricki 993

Кинескиот јуан го престигна јапонскиот јен и веќе е четврта најкористена валута за порамнувања во светот, покрај неочекуваната девалвација на јуанот и стравувањата во однос на доцнењето на економскиот раст на Кина.

Вкупно 2.79% од исплатите на глобално ниво во август се во јуани, во споредба со 2.34% во јули.

Во исто време, уделот на јенот во светските плаќања е 2.76%, според меѓународниот систем за порамнувања „Swift“. Во август 2012-та година јуанот беше на 12-то место во рангирањето со удел од 0.84%. Потоа сепак кинеската валута успеа да ги стигне хонгконгшкиот долар, швајцарскиот франк и канадскиот долар.

Во моментов попопуларни валути за порамнувања се единствено доларот, еврото и британската фунта.

Американскиот долар го зазема првото место во рангирањето со близу 45% удел од светските порамнувања кон август 2015-та година. Уделот на еврото кај светските порамнувања изнесува малку над 27%, додека првите три се оформуваат од британската фунта со 8.45%. Потоа се следат кинескиот јуан и јапонскиот јен.

По нив има уште неколку валути кои имаат над 1% удел во светските порамнувања. Тоа се канадскиот долар (1,79%), австралискиот долар (1.6%), швајцарскиот франк (1,55%), хонгконгшкиот долар (1.41%) и тајландски Бах (1,04%).

Според податоци на „Swift“ вкупно 36% од сите банки кои учествуваат во плаќањата со Кина и Хонг Конг, користат јуани за некои трансакции, пишува „FT“.

Хонг Конг останува водечкиот центар за офшор и прекугранични плаќања со јуани обработени во вкупно 70.4% од овие порамнувања. Сингапур и Лондон се следните големи играчи и сочинуваат 24,5% и 21,6% од плаќањето.

Процентите изнесуваат 200%, бидејќи во секое плаќање учествуваат две држави. Поголем дел од прекуграничните плаќања со јуани се поврзани со комерцијални трансакции. Плаќањата кон и од Кина изнесуваат 5,7 илјади милијарди јуани (900 милијарди долари) во првата половина од 2015-та година и сочинуваат над една четвртина од трговијата со стоки на Кина, според централната банка на земјата. Употребата на јуани за прекугранични инвестиции сепак останува минимално.

Подемот на јуанот доаѓа и покрај финансиските турбуленции во Кина во последниве месеци. Централната банка на земјата неочекувано го девалвираше јуанот во август, делумно во обид да престане одливот на капитал. Економијата на Кина исто така е на пат да го запише најслабиот економски раст во последниве 25 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП