3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНа онлајн купувањето ќе се троши дупло

На онлајн купувањето ќе се троши дупло

kupuvanje

Износот на парите што ќе бидат потрошени на онлајн активности, како што се купување со помош на мобилни телефони и таблет компјутери ќе се удвои во наредните години.

Купувањето на интернет се зголеми за речиси 55 отсто во споредба со минатата година и во моментов на „eBay“ секоја секунда преку мобилен телефон или таблет се купува некој производ.

Оние кои ја користат оваа услуга, сепак, се жалат на брзината и стабилноста на врската и велат дека ако овие две работи се подобрат онлајн шопинг услугите ќе користат дури и повеќе. Благодарение на новата 4G мрежа која во просек е петпати побрза од постоечките, се претпоставува дека сумата на пари која ќе биде потрошена на интернет купување ќе се зголеми за 115 проценти во следните 12 месеци, за кое време на пример во Велика Британија бројот на паметни телефони ќе го надмине бројот на компјутери.

Во Велика Британија, на пример, за една година целата територија ќе биде покриена со брзата 4G мрежа со која се очекува продажбата преку онлајн услуги на британската економија да и донесе речиси 2 милиони фунти повеќе.

Истражувањето исто така покажа дека новите корисници кои за првпат ги користат овие услуги би требало да ги надминат постоечките, што ќе треба да ги принуди трговците да ги искористат предностите на секоја ситуација и да им се даде подобра шанса за комуницирање со нив. Продавачи веќе имаат стабилен број на луѓе кои ги проверуваат нивните веб-сајтови, детали и цените, па би требало да измислат нови начини за да ги направи уште поблиски.

Од „eBay“ сметаат дека трговците мора да ги унапредат своите „виртуелни излози“, бидејќи минатата година 4.3 милиони корисници за првпат ги користеле погодностите на купувањето преку интернет и така бил генериран приход од 13 милијарди долари во целиот свет. Тој број сигурно ќе се зголеми, а оваа година се очекува да ја надмине бројката од 20 милијарди долари.

Заклучокот е дека купувачите денес сакаат удобност и брзина, а со новите и брзи мрежи купувањето преку интернет освен експедитивноста ќе имаат повеќе интимни искуства како никогаш порано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП