Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива по влажни коловози. Продукциската куќа “CHIC FILMS” и Мануфактура Продукција известуваат дека поради лошите временски услови обиколницата околу Скопје, во четврток ќе биде отворена за сообраќај.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.