11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБлатер суспендиран на 90 дена

Блатер суспендиран на 90 дена

blater sep

Претседателот на ФИФА Сеп Блатер доби привремена суспензија од 90 дена поради истрагата на етичкиот комитет на оваа организација.

Државниот обвинител на Швајцарија, минатиот месец, покрена кривична истрага против Блатер под обвинение дека потпишал штетен договор за ФИФА и дека на претседателот на УЕФА Мишел Платини му уплатил два милиони швајцарски франци без очигледна намена („нелојална исплата“).

Блатер и Платини ги негираат обвиниувањата, а претседателот на ФИФА во средата изјави дека „го обвинуваат без докази“.

Поради ова етичкиот комитет на ФИФА по состанокот во понеделникот расправал по две точки. Првата била поврзана со обвинувањата од 2005 година, а поврзани со договорот околу ТВ правата помеѓу ФИФА и Џек Ворнер, поранешен претседател на КОНКАКАФ.

Втората точка е поврзана со споменатата исплата на Платини, кој тврди дека таа била валидна и е поврзана со работата која тој ја работел девет години. Французинот дал изјава пред државниот обвинител на Швајцарија, но тврди дека тоа го направил во својство на сведок, додека швајцарските власти велат дека Платини е „нешто помеѓу сведок и обвинет“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП