26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекорден пад на кинеските девизни резерви

Рекорден пад на кинеските девизни резерви

121016_EXP_chinamoney.jpg.CROP.rectangle3-large

Кинеските девизни резерви во третиот квартал од годината забележаа најголем пад од 80-те години од минатиот век, откако централната банка ги засили интервенциите за да го стабилизира јуанот и да ги смири берзите по неочекувана девалвација.

Девизните резерви на Кина, кои се најголеми на светот, во септември се намалени за 43,3 милијарди долари, на 3.514 милијарди долари, покажаа во средата податоците на централната банка.

Во третиот квартал во целина паднале за рекордни 180, што е најголем пад од 1980 година.

Девалвацијата на јуанот на 11 август и последователниот пад на резервите го покренуваат прашањето за одржливост на кинеските напори да го поддржат јуанот, со оглед дека капиталот излегува од државата поради страв од поостро економско забавување и можното покачување на американските девизни резерви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП