19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаеднички проект на општина Центар и “Специјална олимпијада – Македонија“

Заеднички проект на општина Центар и “Специјална олимпијада – Македонија“

centar

Општина Центар и меѓународната невладина организација “Специјална олимпијада“ започнаа реализација на проект со кој лицата со посебни потреби, кои учат во основните училишта на територијата на општината ќе имаат можност за посебни спортски активности, надвор од наставата.

Активностите ќе бидат изведувани од нивните професори по физичка култура.

„Целта на проектот е инклузија на лицата со посебни потреби, кои низ спортски активности, дизајнирани според нивните можности, ќе можат да се запознаат со спортовите, правилата на игра, ќе се охрабрат да тренираат и на тој начин, ќе се јакне нивната самодоверба и можноста за развој“, информираат од Општина Центар.

Спортските активности ќе се изведуваат во просториите на училиштата и ќе бидат пример за грижа кон сите граѓани во општина Центар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП