18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи пораснаа, доларот под притисок, скок на нафтата

Азиските берзи пораснаа, доларот под притисок, скок на нафтата

oil

На азиските берзи цените на акциите пораснаа трет ден по ред, досегнувајќи ги највисоките нивоа во последните седум дена, благодарејќи на надежите на вложувачите дека американската централна банка оваа година нема да ги зголеми каматните стапки.

На токиската берза индексот Nikkei во претпладневното тргување беше во плус од 0,5 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Јужна Кореја, Сингапур и Хонгконг пораснаа меѓу 0,3 и 1,3 отсто. Во Кина и денеска не се работи поради празниците, а индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските, изнесуваше во средата претпладнето 1,1 отсто.

Азиските пазари и натаму ги подржуваат надежите дека американската централна банка нема годинава да ги зголеми каматните стапки, а рекордно ниските каматни стапки во САД со години веќе го поттикнуваат растот на акциите.

Јапонските инвеститори, пак, ги разочара тамошната централна банка која својата монетарна политика ја остави непроменета. Всушност, таквиот исход од седницата на челниците на Bank of Japan (BoJ) главно беше очекуван, но дел од вложувачите сепак се надеваше на изненадување. Меѓутоа, по низата послаби од очекуваните показателите од јапонската економија, аналитичарите очекуваат натамошно олабавување на монетарната политика.

„Многумина очекуваа дека јапонската централна банка на седницата кон крајот на октомври дополнително ќе ја олабави монетарната политика поради слабостите на економијата“, вели за Reuters Сеики Орими, аналитичар во компанијата „Mitsubishi UFJ Morgan Stanley Securities“.

Позитивно на пазарите влијае и скокот на цените на нафтата, што ја отстрани загриженоста дека забавувањето на растот на кинеската економија ќе доведе до прекапацираност во поедини индустриски сектори, особено во рударството.

Откако во вторникот беше објавено дека Русија и Саудиска Арабија разговарале за ситуацијата на нафтените пазари, цената на барелот нафта скокна за повеќе од 5 отсто. Во средата претпладнето, пак, цената на нафтата на лондонскиот пазар зајакна за дополнителни 0,8 отсто, на 52,45 долари, а на американскиот пазар достигна до 49,40 долари, што е најголемото ниво од крајот на јули.

А бидејќи спласнаа изгледите дека американската централна банка годинава ќе ги зголеми каматите, на валутните пазари американскиот долар е под притисок. Поради тоа во средата утрото неговиот курс ослаби на 120,05 јени, додека во вторникот во истиот период од денот изнесуваше 120,45 јени, Американската валута се лизна и во однос на европската, па еврото од вчерашните 1,1180 порасна на 1,1265 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП