3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВкупниот надворешен долг на Хрватска изнесува 113 проценти од БДП

Вкупниот надворешен долг на Хрватска изнесува 113 проценти од БДП

zagreb12

Вкупниот надворешен долг на Хрватска, на крајот на првата половина од годината, изнесувал 48,9 милијарди евра или 113 проценти од БДП и на годишно ниво пораснал за 5,4 проценти.

Според најновите податоци на Народната банка на Хрватска (ХНБ), бруто надворешниот долг, во јуни оваа година, забележал пад на месечно ниво втор месец по ред и тоа за 345 милиони евра, односно 0,7 проценти, пренесува „Tportal“.

Аналитичарите на „Raiffaisen Bank Austria“ (RBA) предупредуваат дека вкупниот надворешен долг и во текот на второто тромесечие оваа година продолжува со растот на годишно ниво. Тие наведуваат дека стапките на годишниот раст на вкупниот надворешен долг, датираат уште од крајот на 2013-тата година, само со еден исклучок во април минатата година. Така, на крајот на јуни оваа година, во однос на истиот месец минатата година, надворешниот долг бил поголем за 2,5 милијарди евра или 5,4 проценти, додека пак, во однос на крајот на минатата година, надворешниот долг пораснал за речиси 2,3 милијарди евра или 4,8 проценти.

Обврските кон странските доверители најмногу пораснале во јавниот сектор, чиј надворешен долг кон крајот на јуни изнесувал 16,3 милијарди евра, што е за 34,1 милион евра или 0,2 проценти повеќе во однос на мај, но и за 2,0 милијарди евра или 14,1 процент повеќе отколку во јуни минатата година.

„Така, на крајот на јуни државата го зазема високото второ место, со учество до 33,4 проценти, во вкупниот бруто надворешен долг. Зголемен е тој дел за 0,3 процентни поени во однос на претходниот месец“, порачуваат од „RBA“.

Пошироко гледано, тие додаваат и како вкупниот бруто надворешен долг на јавниот сектор достигнал до 19,6 милијарди евра, па кон крајот на јуни тоа било преку 40 проценти од вкупниот бруто надворешен долг на Хрватска.

Надворешниот долг на приватниот сектор, пак, кон крајот на второто тромесечје изнесувал 29,3 милијарди евра, што е 250 милиони евра или 0,8 проценти понизок во однос на месец мај.

Аналитичарите на „RBA“ наведуваат дека во јуни е забележано продолжување на трендот на раздолжување на приватниот сектор кон странство и на годишно ниво, во однос на истиот месец минатата година, надворешниот долг на приватниот сектор е понизок од 0,9 проценти, односно 281 милион евра, што е доминантна последица од раздолжувањето на финансискиот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП