4 јули, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLexus и BMW подготвуваат опасни машини

Lexus и BMW подготвуваат опасни машини

luksi 3003

Откако беше распродаден „Lexus LFA“, сега се шпекулира за негов наследник. Информациите за нов суперавтомобил на јапонскиот производител се интензивираа откако „Toyota“ и „BMW“ ја формализираа соработка.

Според „Auto Express“, прототип возилото кое заеднички го развиваат „Lexus“ и „BMW“ веќе е комплетирано. Станува збор за супер-спортски автомобил со централно поставен мотор и погон на сите 4 тркала. Истиот извор наведува дека серискиот модел ќе биде подготвен до крајот на деценијава.

Верзијата која ќе го носи знакот на „Lexus“ се очекува да се појави во 2020-та година и би требало да чини околу 220.000 евра.

Автомобилот ќе биде наследник на моделот „LFA“, но наместо 4.8-литарскиот „V10“ атмосферски агрегат од тој суперавтомобил, новиот спортски модел на „Lexus“ погон ќе добива од хибриден систем чие „срце“ ќе претставува 3.7-литарски „V8“ бензинец кој се користи во тркачката „Toyotа TS040“.

Цитирајќи го изворот кој е запознат со техничките детали, „Auto Express“ пишува дека максималната можна моќ на тој погонски систем ќе биде околу 1000ks, но и дека инженерите работат на верзија од 800 „коња“, со оглед дека мораат да се вклопат и во постоечките еколошки стандарди за емисијата на штетни гасови.

Засега не е познато колку примероци „Lexus“ планира да изработи, но кога се знае дека цената на автомобилот ќе биде прилично висока, како и „LFA“ кој беше ограничен на 500 единици, се верува дека производството на новиот суперавтомобил ќе биде лимитирано.

Ниту фановите на „BMW“ нема да бидат запоставени, затоа што во план е и модел со знакот на баварскиот производител, кој ќе се продава по слична цена како и моделот на „Lexus“.

Него исто така ќе го придвижува хибриден систем, кој вклучува шестцилиндарски „twin-turbo“ мотор од спортското „M“ одделение. Допринесот на „Toyotа“ се состои во снабдувањето на „BMW“ со компонентите за хибридниот погон кој го разви оваа јапонска компанија.

Двата модели ќе имаат лесна конструкција и каросерија од алуминиум и јаглеродни влакна, со цел автомобилите да имаат помала тежина.

Бензинскиот мотор ќе биде задолжен за погон на задните тркала, додека електромоторот моќта ќе ја испраќа на предната осовина, па така ќе биде обезбеден погон на сите 4 тркала.

Првите концептни верзии можеме да ги очекуваме во следните година-две, пред него да бидат завршени сериските модели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП