2 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата се стабилизира на 49 долари

Цената на нафтата се стабилизира на 49 долари

nafta 300

Цената на нафтата се стабилизираше на светските берзи над ниво од 49 долари по сигналите дека водечките светски производители би можеле да ги здружат силите во настојувањето да се намали вишокот во понудата.

На лондонската берза цената на барелот остана непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 49,28 долари. Вчера тргувањето го заклучи во плус 2,3 отсто. На американската берза со барелот денеска се тргува по 26 центи пониска цена, од 46 долари. Вчера тргувањето го заклучи во плус 1,6 отсто.

Русија и Саудиска Арабија расправаа минатата недела за состојбата на пазарот на нафта, соопшти рускиот министер за енергетика, повторувајќи ги барањата на генералниот секретар на OPEC од конференцијата во Лондон дека сите производители на нафта мораат да соработуваат во настојувањата да се реши проблемот со вишокот во понудата.

„Сите се соочуваме со ист проблем, а тоа е вишок во понудата“, рече Абдулах ал-Бадри.

„Можно е пазарот да го придвижат шпекулациите дека членките на OPEC може да постигнат договор за соработка со останатите производители на нафта“, рече Карстен Фрич од франкфуртски Commerzbank.

Генералниот секретар на OPEC исто така напомена дека се намалените инвестиции во истражување и производство на нафта за 650 милијарди долари поради ниската цена и дека тоа наскоро ќе се одрази и на понудата, односно дека производството ќе биде намалено.

Вниманието сега се насочува кон извештаите за залихите во САД, заради проценка на побарувачката во најголемиот потрошувач на светот. Аналитичарите проценуваат дека резултатите ќе покажат раст на залихите на сировата нафта втора недела по ред, и тоа за 1,8 милиони барели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП