4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоговорено, на виделина тајните договори!

Договорено, на виделина тајните договори!

eu (1)

Министритите од 28-те членки на ЕУ договорија задолжителен систем за националните влади за автоматска размена на информации за тајните даночни договори со компаниите.

„Имаме политички договор. Европа е пионир и испраќа моќен сигнал на светот за даночните прашања“, изјави министерот за финансии на Луксембург, Пјер Грамења.

Според новиот план, сите 28 членки на Унијата ќе разменуваат додатоци за склучените договори со најголемите мултинационални компании, во рамки на настојувањето да се изборат со проблемот за избегнување на плаќањето данок во Европа.

Минатогодишниот скандал „Лукс ликс“ (Lux leaks) откри дека некои од најголемите светски компании, како „Pepsi“ и „Ikeа“, добивале даночно ослободување врз основа на договорите потпишани со владата на Луксембург.

Најновиот план од Луксембург доаѓа само еден ден откако Организацијата за економска соработка и развој (OECD) го претстави долгоочекуваниот план за борба против затајувањето на данок кон кое се впуштаат мултинационалните компании и поради што земјите минатата година изгубија преку 100 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП