29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНапролет почнува изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка

Напролет почнува изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка

експресен-пат

Договорот за поволниот заем од Светската Банка кој го зема Јавното претпријатие за државни патишта за изградба на експресниот пат Ранковце- Крива Паланка и договор со кој Владата го гарантира заемот беше потпишан во вторник во Скопје.

„Станува збор за заем што е потпишан со Светската банка под исклучително поволни услови и рок на отплата 28 години, со грејс период од осум години и каматна стапка од шест месечен ЕУРИБОР што во моментов изнесува 0,88 проценти. Јавното претпријатије за државни патишта го зема и ќе го отплаќа заемот, а Владата ќе го гарантира истиот“, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Според него, патот е од исклучително значење за регионот на северо-источна Македонија, но и за сите граѓани што патуваат кон Република Бугарија.

Новиот модерен пат ќе има по две ленти во двете насоки, а ќе овозможи побрз и побезбеден проток на стоката и патниците во овој регион.

„Новиот проект има за цел да ја подобри транспортната поврзаност за корисниците долж Коридорот 8 помеѓу Скопје и Деве Баир преку изградба на нов, поширок пат помеѓу Ранковце и Крива Паланка во должина од 26,5 километри. Изградбата ќе трае три години и се очекува патот да биде отворен за сообраќај кон крајот на 2019 година“, рече директорката на канцеларија на Светска банка во Македонија Бојана Нацева.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски истакна дека продолжува инфраструктурната експанзија во Македонија.

„Со овој пат се реализираат услови за засилена трговија, за полесен транспорт на луѓе и стока и конечно предуслови за забрзан развој на туризмот, бидејќи во овој дел на Македонија постојат одлични туристички потенцијали, а тоа е нешто на кое ќе бидеме дополнително фокусирани во идниот период“, рече Пешевски.

Според министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, Владата е посветена и го задржува континуитетот во изградба на квалитетна транспортна инфраструктура, а најави и рехабилитација на шест регионални патни правци.

„Овој месец, најдоцна до ноември ќе отпочнеме и со рахабилитација и изградба на уште шест регионални патни правци. Се работи за автопатска делница Смоквица- Гевгелија, регионален пат Бошков Мост- Дебар, регионален пат Делчево- Голак, регионален пат Мелнички мост- Центар Жупа, регионален пат Лажани- Ропотово- Црнилиште, регионален пат Кривогаштани- Обршани и патниот правец Клепач- Новаци. Со ова ја докажуваме нашата посветеност во градење на новата иднина на Македонија. Продолжуваме со исто темпо“, рече Мисајловски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП