4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЦевитана во ново руво за обичните супер херои

Цевитана во ново руво за обичните супер херои

cev

Една чаша Цевитана и вие сте во тимот на обичните супер херои!

Новиот супер херој на секојдневието ве чека зад аголот! Од сите нас, Цевитана направи херои на новиот ден. Тоа е пијалакот за сите генерации! Со неодамнешното ребрендирање и со новата комуникациска стратегија, Витаминка ја доближи Цевитана до пошироката јавност, доловувајќи им ги на потрошувачите и низ слики супер хероите од соседството. Тие се меѓу нас, доволна е една чаша освежителна Цевитана. Тоа го говорат и новите видео реклами за добро познатиот бренд, преку кои што се пресликуваат и се раскажуваат херојствата на обичните луѓе, фаќајќи се во костец со предизвиците на секојдневието. Во нив, на интересен и уникатен начин, со помош на дневната доза од девет витамини, потрошувачите на Цевитана полесно се справуваат со проблематичните ситуации во животот и секојдневните обврски, притоа претставувајќи се себеси како вистински супер херои. Кампањата и слоганот „За обичните супер херои“ само дополнително ја потврдија позицијата на Цевитана како омилен освежителен пијалак кај сите генерации, целосно посветен на нивните желби и потреби.

Новото пакување на Цевитана кое е карактеристично по светлите и разиграни бои, внесе нова свежина и препознатливост во јавноста, а промената во амбалажата се појави како oчекуван резултат од развојот на компанијата и на брендот, дополнето со вербата на менаџерскиот тим во квалитетот и во потенцијалот на овој инстант витамински производ.

„Покрај нашата визија и амбиција за иднината на Цевитана, новите времиња и новите интереси кај потрошувачите беа еден од главните предуслови за ребрендирањето, секако, прилагодувајќи се кон потребите на консументите и трендовите на пазарот. Паралелно со развивањето и со позиционирањето на брендот на македонскиот пазар, Витаминка вложуваше и во унапредување на технологијата, со што постојано го подобрува и квалитетот на витаминскиот пијалак. Но, и покрај иновативната промена на амбалажата, ја задржавме суштината на Цевитана, таа да остане и да продолжи да биде пијалак што е дел од секојдневнието на сите граѓани“, објаснува Владимир Трпаноски, Комерцијалниот директор на Витаминка.

vlado

Оваа промена во дизајнот и изгледот на амбалажата не е прво ребрендирање на Цевитана. Производот низ годините помина неколку фази на трансформација што овозможија тој да се претвори во подобар, помодерен и поквалитетен пијалак. Ставањето акцент на промените што асоцираат на здравје, виталност и свежина кај оние кои секојдневно го пијат овој производ, во минатото, а и сега, се покажа како позитивна, корисна и продуктивна кампања за целата публика.

Цевитана е добитник на наградата Супербренд и со својот квалитет претставува еден од најпознатите македонски производи присутен во секојдневието на граѓаните, снабдувајќи ги со потребната доза на витамини во текот на целиот ден.

И вие сте дел од тимот на обичните супер херои. Знаете, ви треба само една чаша Цевитана!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП