17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи пораснаа, доларот зајакна

Азиските берзи пораснаа, доларот зајакна

berza azija220

На азиските берзи, денеска индексите пораснаа втор ден по ред, благодарејќи на растот на цените на сировините и уверувањето на инвеститорите дека американската централна банка Federal Reserve (Fed) оваа година нема да ги зголеми каматните стапки.

На берзата во Токио, индексот Nikkei во претпладневното тргување беше во плус од 1 отсто, додека цените на акциите во Хонгконг, Сингапур, Сеул и Сиднеј пораснаа меѓу 0,1 0,8 проценти. Во Кина во вторникот поради празници не се работи, додека MSCI индексот на азиско-пацифичките берзи, без јапонските, беше во плус од 0,9 отсто.

Азиските вложувачи беа охрабрени од понеделничкиот раст на цените на акциите на Волстрит, за повеќе од 1,5 отсто, благодарејќи на надежите дека Fed ќе се откаже од зголемувањето на клучните камати годинава. Пазарите веќе подолго време се под притисок поради забавувањето на растот на кинеската економија и стравувањата од зголемувањето на каматите во САД.

Позитивно на пазарите влијае и трговскиот договор меѓу 12-те земји од Пацифик, вклучително и САД, Јапонија и Канада, иако некои аналитичари сметаат дека ползата од таа спогодба во моментов не е сосема јасна.

Пазарите ги поддржува и растот на цените на сировините, особено на нафтата, кои се во нагорна линија откако Русија порача дека е подготвена да разговара со другите производители на нафта за состојбите на овој пазар. Благодарејќи на тоа, во понеделникот цената на барелот скокна за 1,6 отсто, а во вторникот претпладнето стабилно се одржува на цената од 46,25 долари за барел.

А бидејќи годинава не се очекува зголемување на каматите на Fed, на валутните пазари доларот зајакна во однос на јапонскиот јен. Во вторникот започна дводневната седница на челниците на јапонската централна банка Bank of Japan (BoJ), и иако не се очекува натамошно олабавување на монетарната политика, сепак изненадувањата секогаш се можни.

Јапонската централна банка веќе извесен период е под притисок бидејќи тамошната економија не закрепнува како што се очекуваше, ниту инфлацијата се приближи кон нивоата кон кои беше целено. Оттаму, инвеститорите веруваат дека на следната седница кон крајот на октомври челниците на BoJ ќе ги намалат процените за раст на економијата и потрошувачките цени, и ќе воведат дополнителни поттикнувачки мерки.

Поради тоа во вторникот претпладнето курсот на доларот достигна 120,45 јени, додека во понеделникот во истиот период од денот изнесуваше 119,90 јени. Притоа американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна од вчерашните 1,1235 на 1,1180 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП