10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо август „потонаа“ индустриските нарачки во Германија

Во август „потонаа“ индустриските нарачки во Германија

ind naracki de

Индустриските нарачки во Германија регистрираат пад веќе осми последователен месец, при тоа се поостри отколку пазарните очекувања, покажуваат податоците на федералната служба за статистика „Destatis“, цитирани од „WBPonline“.

Нарачките во најголемата економија во еврозоната забележаа намалување од 1,8% во август на месечна основа. Прогнозите на аналитичарите беа за зголемување во износ од 0,5%. Во претходниот месец ревидираниот пад беше 2,2%, а не првично објавениот 1,4%.

На годишна основа за индустриските нарачки се предвиуваше зголемување за 1,9% во август. Очекувањата на пазарите беа за раст од 5,6% во споредба со истиот период на 2014-та година. Оценката за јули беше 1,3% пад на годишна основа од првично најавеното 0,6-процентно намалување.

Сезонски прилагодените податоци ги мерат општите производни наредби добиени од производителите на капитални стоки, стоки за средна и финалната потрошувачка во земјата.

Индексот на активноста во производствени сектор во Германија се очекува да се намали во септември до 52,3 поени, а ревидираната вредност за август беше 53,3 поени. Сепак индексот останува над 50 поени десетти месец по ред, што е показател за експанзија во секторот.

Германскиот индекс „DAX“ се намали по објавувањето на послабите податоци, а акциите на „Volkswagen“ сe тргуваа со сериозна загуба.

„DAX 30“ забележа намалување од 0,66% до 9750,64 поени, а британскиот „FTSE 100“ забележа пад од 0,56% до 6263,01 поени. Францускиот индекс „CAC 40“ паѓа за 0,31% до 4602,11 поени, а европскиот „Euro Stoxx 50“  со 0,40% до 3177,67 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП